Ако сакате да пиете ладно вино, а не сте имале претходно време да го оладите виното, овој трик ќе ве воодушеви.
Наполнете сад со вода, додајте мраз и сол. Тешко е да се каже колку точно сол, па затоа нека биде произволна количина. Додавање на солта ќе ја спушти температурата, но нема да замрзне, а виното побрзо ќе се олади.
Иако некои велат дека е полесно да се стави шишето во замрзнувач, сепак овој трик е подобар, зошто течноста подобро ја пренесува топлината, односно студенилото отколку што тоа може да се постигне во воздухот.
Затоа испробајте го овој трик.