Германија потроши 12 милијарди евра помеѓу 2001 и 2020 година на мисија во Авганистан, јави денеска агенцијата ДПА, повикувајќи се на одговорот на германското Министерство за надворешни работи на пратеничко прашање од Партијата на левицата.

Најголемиот трошок бил меѓу 2010 и 2012 година, кога околу 5.000 германски војници беа стационирани во Авганистан.

Во исто време, статистиката не ги зема предвид средствата што Германија ги одвојува на годишно ниво за хуманитарни и инфраструктурни проекти. Од овие пари, за околу две децении, се изградени или санирани 1,4 илјади километри патишта во земјата, 293 училишта и 51 болници, се вели во одговорот на пратеничкото прашање..

НАТО треба да започне со повлекување на трупите од Авганистан на 1 мај и да го заврши до есента 2021 година.