Нема опасност од ширење на пожарот кој избувнал претпладнево на Одделението за ортопедија во ГОБ „8 Септември“, потврдуваат од Центарот за управување со кризи.
-Преку Е-112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ). Од страна на БППЗ е потврдено дека станува збор за пожар во внатрешна просторија во одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење, информираат од ЦУК.
Како што претходно објавивме по избувнување на пожарот, персоналот во болницата започнал со итна евакуација на пациентите.
Противпожарните екипи интервенираат на терен.




