Програма за курс за убаво однесување во Турција предизвика критики и исмевање на социјални мрежи поради совети до жени да не лижат сладолед.

На курсот „Како да се биде дама“ органзиирана од конзервативната општина Багџилар во Истанбул, се даваат совети за убаво однесување вклучувајќи и како да се облечете, одите зборувате, објави весникот Милиет.

Меѓу советите се : Седите правилно во јавен превоз, зборувајте што е можно помалку додека џвакате гума за џвакање, не се шминкајте премногу наутро, не користете жаргон и воздржете се од употреба на зборот „брате“.

Советот за конзумирање сладолед предизвика бура од реакции на социјални мрежи.

Во водичот е наведено дека лижење сладолед е „недамско“ однесување.

Еден корисник на Твитер беше изненаден: Како тогаш тие сакаат да се јаде сладолед?

Меѓу саркастичните одговори беа и:
– Ќотекот (не) е излезен од рајот
– Тоа е сексистички. Кој бере гајле како јадам сладолед?
Еден коисник прашува: – Зошто курсот е само за жени? И мажите тоа го прават и тоа е одвратно!