Турција и Катар денеска потпишаа трговски договор вреден 15 милијарди долари, а кој вклучува и доставување нафтени произвопди и природни гасови, објави ДПА.
Договорот е дел од ветувањето за инвестиции, дадено од емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани на средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, одржана во август.
Договорот е потпишан во момент кога Анкара вложува напори за надминување на монетарната криза.
Турскиот министер за трговија Рухсар Пекџан и нејзиниот катарски колега Ахмед бин Џасим Ал Тани се сретнаа денеска во Анкара, за да потпишат договор за трговско и економско партнерство, кое вклучува и соработка во областа на телекомуникациите и финансии.