Амбасадорот на Грција во Анкара, според грчките медиуми, бил повикан во Министерството за надворешни работи на Турција за да му биде изразено турското незадоволство за поддршката на Грција на терористички организации и протестот на ПКК во близина на амбасадата на Турција во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, говорејќи за телевизијата „Скај“, утрово истакна дека обвинувањата од Турција се комплетно неточни и неосновани, а очигледно е дека Грција нема никаква врска со тоа.
Дипломатски извори за грчките медиуми коментирале дека „целосно ги отфрлаат обвинувањата од Турција за наводното помагање на терористички организации во Грција, бидејќи се неосновани и невистинити, а земјата целосно ги спроведува одлуките на Европската унија за борба против тероризмот.