Турскиот државен совет (висок административен суд) ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј, јави турската новинска агенција Анадолија.

Со одлуката се трасира патот Света Софија да се пренамени во џамија.

Според неофицијални извори првата молитва во џамијата најверојатно ќе се одржи на 15 јули, дента кога во 2016 година беше осуетен обидот за државен удар.

Света Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

Пред минатогодишните избори претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја најави можноста Света Софија да се пренамени во џамија. Религиозните фанатици веќе долго време бараа ова Светско културно наследство на УНЕСКО повторно да се претвори во џамија. Додека противниците на пренамената на

Света Софија оценуваат дека актуелниот музејски статус е симболна секуларниот Устав на Турција.
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека статусот на Света Софија е прашање на националниот суверенитет.

Турските планови за Света Софија не наидоа на одобрување од САД, Русија, Грција и црковните власти.
Вселенскиот партијарх Вартоломеј, духовен лидер на околу 300 милиони православни христијани, чие седиште е во Истанбул, изјави дека пренамената на Света Софија во џамија ќе ги разочара христијаните и ќе предизвика раздор помеѓу истокот и западот.