Турција нема да го поддржи приемот на Шведска и Финска во НАТО додека тие држави не ги исполнат своите обврски во врска со борбата против тероризмот, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздак.
– Погрешно е да се очекува позитивна одлука од Турција во однос на поддршката за членството на нордиските земји, додека тие не си го одржат зборот, изјави Боздак за турски медиуми.
Според него, Анкара се уште нема добиено никаков одговор од Шведска и Финска на барањето на Турција за екстрадиција на лица вклучени во терористички активности.
Турција претходно соопшти дека меморандумот што го потпиша со Шведска и Финска на маргините на самитот на НАТО во Мадрид не е конечен и дека турскиот парламент можеби нема да го ратификува нивното членство доколку Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат своите обврски во борбата против тероризмот.