Турција почна со изградба на ѕид на границата со Иран за да спречи продор на авганистанските граѓани кои бегаат од талибанскиот режим, јави Би-Би-Си.
Десетици илјади луѓе очајнички бараат начин да заминат од Авганистан, а се претпоставува дека бегалците ќе се упатат кон Иран, а потоа кон Турција.
Турските власти издадоа наредба за изградба на ѕид на границата со Иран со цел да се спречи голем бран бегалци, но и продор на инфилтрирани талибанци помеѓу нив.
Предвидено е ѕидот да биде долг 295 километри.