Брод кој потона во езерото Ван во источниот дел на Турција превезувал меѓу 55 и 60 мигранти, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, додавајќи дека досега се извлечени шест тела и во тек е истрага.

Во пребарувањето на теренот се вклучени хеликоптери и чамци. Причина за потонувањето на бродот било силното невреме.

Медиумите објавија дека мигрантите најверојатно се по потекло од Пакистан, Авганистан и Иран.

Езерото Ван, во истоимената турска провинција, се наоѓа во близина на границата со Иран и преку него мигрантите обично преминуваат во Турција.