Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони туристи,  објави министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро.

– Во периодот јануари-август  Албанија забележа рекорден број од 7.190.410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година. Ова е бројка што ја крунисува работата на сите, тимот на Министерството за туризам и животна средина, општините, тур-операторите и пред се секој хотелиер и професионалец во секторот, кој посветено вложил во формирањето на Туристичката репутација на Албанија, наведува министерката во објава на Фејсбук.

Според бројките што ги објавува  Кумбаро, само во месец август  престојувале  2.022.754 туристи или 18 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Покрај косовските и македонските туристи, кои се најбројни, Албанија како летна дестинацијa ја избрале и туристите од Шпанија, Италија, Турција, Црна Гора, Франција, Полска, Србија и други земји.

– Исто така, Ѓирокастро, Берат, Бутринти, Круја, Тирана, Скадар, се популарни дестинации за историски и културен туризам. Се поголем интерес владее и за планинскиот и селски туризам, додава таа.

Минатата година Албанија забележа  рекорд од 7,5 милиони туристи која беше најдобрата година досега во туризмот во однос на бројките.

Остварената бројка за осум месеци, оценува Кумбаро, е повеќе е гаранција дека 2023 година ќе постигне нов рекорд во туризмот.