Во првата половина од годинава, Виена забележа 7,94 милиони ноќевања, што е пораст за 9,9 отсто во однос на истиот период лани.

Приходот на хотелите и пансионите изнесува вкупно 359,4 милиони евра, што е пораст за 23,5 отсто. Само во јуни, кога беше одржан најголемиот ЛГБТ фестивал „Јуро-прајд“, имало 1,55 милиони ноќевања.

Претседателот на градската Туристичка заедница Петер Ханке за сè тоа ги пофали туристичките атракции на Виена, како и посветеноста на тамошните туристички компании и нивните вработени.

До 2020 година се предвидува да има 18 милиони ноќевања и милијарда евра приходи од туризмот.