Албанскиот државен институт за статистика соопшти дека во периодот јануари-јули Албанија ја посетиле 2,9 милиони странски граѓани, што е за 12,4 отсто повеќе споредно со истиот период лани.

Само во месец јули бројот на странските турiсти бележи раст од 19 отсто.

Најголем раст се забележува кај туристите од Полска или 33 отсто, но и понатаму најбројни се косовските и македонските државјани, кои споредено со лани истиот период бележат зголемување за 5,3 односно 11,7 отсто.

За седум месеци во Албанија влегле 911.631 Косовеци и 381 илјада Македонци. По нив се Грците со 275 илјади (раст од 12,1 отсто),Италијанците со 200 илјади(раст од 10 отсто), Пољаците 78 илјади(раст од 33отсто) Германците 74 илјади(раст од 11,9отсто) Црогорците 2.013(раст од 4,7 отсто).

Според информациите од здружението на хотелиерите од први август капацитетите биле преполни поради што се очекува бројот на странските туристи годинава да биде многу поголем споредено со лани.

И додека странците доаѓаат во се поголем број во Албанија и Албанците се почесто патуваат во странство. Бројот на албанските джавјани кои излегле од земјата во преиодот јануари-јули е 2.861.943 што е за 3,7 отсто повеќе споредено со истиот период лани.