Македонскиот и европски шампион Вардар триумфираше на турнирот во Требиње, БиХ што се играше викендот. Вардар вчера во финалето ја победи Металопластика со 34:28.

Ова всушност беше дуел меѓу актуелниот европски шампион и европскиот „владетел“ од пред 33 години.

Покрај победничкиот на тимот, во Скопје доаѓаат и две индивидуални награди, оние на Тимур Дибиров за најдобар стрелец и најдобар играч.

– Се што работам, работам за тимот. Благодарам за признанијата. Турнирот ги оправда нашите очекувања, а Металопластика се претстави како одличен тим, изјави Дибиров.

За најдобар голман е прогласен Тодор Јандриќ од Металопластика, а пехарот за фер-плеј го доби тимот на Борац Бања Лука.

Третото место на турнирот го освои тимот на Бутан Плин од Изола чии ракометари го победија Борац Бањалука со 26:25. Петти е тимот на Извиѓач од Љубишки, а шесто е домаќинот Леотар.