Турскиот второлигаш, Елазигспор  привлече вкупно 22 нови играчи и сите трансфери се случија за само два часа.

Причината за многуте трансфери, како и рекордното време за нивно остварување, е фактот што на тимот му беше забрането да носи нови играчи до последните два часа на трансфер пазарот во Турција.

За среќа, тие постапуваа брзо и по многу преговори со локалната федерација, што доведе до суспензија на казната, тие обезбедија трајно 12 играчи, а останатите 10 дојдоа во тимот на изнајмување.

– Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, кои помогнаа во овој потфат. Ние бевме во постојани преговори со Фудбалската федерација. Откако забраната беше симната, успеавме да ги завршиме трансферите во рок од два часа, изјави поранешниот претседател на Елазигспор, Селчук Озтурк.