Конфликтите на Полска и Унгарија со Европската унија можат да предизвикаат процеси што можат да доведат до распад на блокот, предупреди поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск.
Неговите забелешки доаѓаат во време на продлабочување на разликите меѓу двете земји и ЕУ околу демократски стандарди во блокот. Брисел е во остар спор со Варшава и Будимпешта за прашања како што се независноста на судството и слободата на медиумите. Конфликтот ескалираше оваа недела откако Уставниот суд на Полска донесе одлука дека земјата не треба да ги спроведува пресудите на Судот на ЕУ, а Европската комисија отвори кривична постапка против двете држави во врска со правата на ЛГБТ заедницата.
– Ако се најдат повеќе такви земји кои упорно штетат на Европската унија, тоа едноставно може да стави крај на оваа организација, изјави Туск за приватната телевизија Ти-Ви-Ен 24. Тој е лидер на најголемата опозициска партија во Полска – „Граѓанска платформа“.
Анкетите за јавното мислење покажуваат дека огромното мнозинство Полјаци го поддржуваат членството на земјата во ЕУ и нема правен механизам за исклучување на земји од блокот.