Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри донел одлука да го напушти италијанскиот шампион по крајот на сезоната. Стратегот ќе биде заменет од францускиот селектор, Дидие Дешан.

Информацијата е потврдена од страна на поранешниот спортски директор на Наполи, Удинезе и Аталанта – Пиерпаоло Марино, кој изјави за торинското издание „Тутоспорт“ дека има информации за сериозни промени во Јуве.

– Алегри нема да остане во Јувентус, но одлуката за тоа е целосно негова. Раководството веќе одлучило Дешан да го замени Алегри, прокоментира Марино.

Ова ќе биде враќање во Дешан во Јувентус. Стручњакот беше фудбалер на „Старата Дама“, а потоа и тренер на тимот по Калчополи во сезоната 2006/07.