Дали апсењето на Бојко Борисов во Бугарија може да предизвика потрес и во Македонија, анализира ТВ 21 во својот прилог посветен на настаните ја нашиот источен сосед.

ТВ 21 вели дека во земјава има две бугарски банки, според информации на ТВ21 требало да има и трета. Таа била ветена од наша владина гарнитура на луѓе блиски до сега уапсениот поранешен премиер на Бугарија. Но извршниот директор на банката откако дознал за ветувањето, се заканил дека доколку се случи продажба на банката на бугарски инвеститори блиски до Борисов ќе излезе во медиумите заедно со членовите на управниот одбор и ќе соопшти дека банката ја презема криминална и сомнителна група.

Со ваквиот чекор би се случил голем потрес на банкарскиот сектор кај нас, а со тоа многу големи клиенти на Комерцијална банка би ги повлекле своите депозити.

При една заедничка средба на високо ниво, било разговарано и за преземање на една приватна национална телевизија од страна на лица блиски до Бојко Борисов, но и тие планови подоцна се изјаловиле.

Овие информицаии веќе беа изнесувани од страна на опозицијата во РМ, но се чини прв пат на ваков директен начин да се најдат и во рамките на еден медиум. Се ини, медиумите во Македонија кои се на албански јазик, го преземаат приматот од тие на македонски јазик кои или се поддржувачи на власта или се во длабок сон, залажувајќи се дека се величина, за што добиваат тапкања по рамо и од самата опозиција.