Министерката за одбрана Славјанка Петровска и пратеникот Драган Ковачки прифатиле ТВ дуелот да биде на ТВ Канал 5, соопштија вечерва од оваа ТВ.

Од ВМРО – ДПМНЕ го потврдиле учеството на Драган Ковачки.

– Заложба на ВМРО-ДПМНЕ е да дебатира за работите кои се важни за граѓаните и во интерес на државата. Во таа насока, убедени во вистината и ставовите кои јавно ги изнесуваме ВМРО-ДПМНЕ во името на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки потврдува негово учество во дебатата организирана од ТВ Канал 5 телевизија, наредната среда 16.11.22 година, стои во одговорот од партијата на Ковачки.

Потврда има и од кабинетот на министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

– Почитуван Ви благодарам за поканата и потврдувам учество на министерката Петровска во емисијата. Поздрав, се вели во потврадата од кабинетот на Петровска.

Дуелот, ќе се одржи во емисијата Само вистина в среда на 16. ноември 2022 година во 18:30 часот.