Судејќи според цените за паркирање во центарот на Скопје, влезени сме во ЕУ, гласи денешниот твит за гушкачите и за тие што ги користат услугите на Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ).

Инспирацијата за гушкање е од ритуалот од пред неколку години кога скопјани го гушкаа ГТЦ, а секако инспирацијата е и сметката за паркирање која се наплатува во оваа општина.

– 250 денари за еден час паркирање! За ова ли се боревте? Дојдете да ги гушкаме ПОЦ!- твитна корисникот со псевдоним Фортификација.

На Твитер се огласи и корисничката со псевдоним Норма:

– Судејќи според цените за паркирање на ПОЦ, значи во ЕУ сме. И пензиите ги покачија. Ќе се изнагрицкаат сончоглед на први за сите 36 денари- твитна Норма.

Но, има и утеха за високата сметка за паркирање: Немој да заборавиш да ја скенираш!