Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд, прошета на модната писта во Париз во проѕирна кошула без градник.

Каја над кошулата носеше сако, но додека одеше, сакото се помрдна и ги откри нејзините голи гради, а на една од најбараните манекенки на денешницата тоа воопшто не ѝ пречеше – таа продолжи да оди како ништо да не се случило.

Станува збор за модна ревија на брендот Валентино.

Ревијата во првите редови ја следеше и легендарната Наоми Кембел која подоцна на 18-годишната Гербер ѝ стави две срциња на Инстаграм и со тоа покажа дека ја симпатизира.

Инаку, Каја ја нарекуваат наследничка на нејзината мајка, а многу често ја истакнуваат и неверојатната сличност помеѓу нив две.

View this post on Instagram

@omega #omegamytime

A post shared by Kaia (@kaiagerber) on