Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го коментира крајот на Европското првенство во одбојка и според неговата логика Македонија заслужува половина златен медал.

– Словенија освои сребро во одбојка. Ние ја победивме. Значи во најмала рака македонските одбојкари поделија злато со Србија. Логика- со смешка коментира Димитров на Фејсбук.

Но, на други не им е до смешки, па според логиката на Димитров вака логицираат на Твитер:

– Ќерката (на Димитров) освои 40.000 евра од државата заради татко и. Јас бев ученик на генерацијата. Во просек јас и таа имаме по 20.000 евра. Слабо логика, не ми иде никако, коментира на Твитер корисникот со име Маче.