Денеска (20.07.2026) во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на товарно возило “волво” со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол од 1,81 промили.
Против возачот К.З.(62) од Прилеп се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по чл.297-А од Кривичниот законик, безобѕирно управување со моторно возило како и прекршочна санкција по член 151 став 7 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, вршење на вонгабаритен превоз без одобрение и барање за поведување на прекршочна постапка по член 151 став 5 и 6 од ЗБСП за правно лице и одговорно во правно лице.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.




