Убиецот на Мартин Нешковски, специјалецот Игор Спасов кој во 2012 година беше осуден на казна затвор од 14 години излегол од затворот во Идризово и во моментов се наоѓа во својот дом во Штип, ексклузивно објави Нетпрес.
По само 6 години затвор за убиството на Мартин Нешковски Спасов е пуштен од затвор под неразбирливо образложение дека има потреба од домашно лекување, се истакнува во објавеното од Нетпрес. Засега официјалните институции се недостапни за понатамошни објаснувања во врска со овој случај. Нејасно е зошто доколку имало потреба од лекување не се користи арестанското медицинско оделение туку Спасов веќе се наоѓа во својот дом во Штип.
Инаку, Игор Спасов минатата година оствари и средба и се ракуваше со премиерот Зоран Заев, кој го посети затворот Идризово. Во меѓувреме Владата донесе и одлука за амнестија, со која повеќе од 800 осудени криминалци и сторители на кривични дела добија едлумно или целосно ослободување од затворските казни, истакнува Нетпрес.