Еден припадник на авганистанските безбедносни сили е убиен во судир кој избил на северната порта на аеродромот во Кабул меѓу авганистанската војска и непознати напаѓачи.
Повредени се три лица во судирот, во кој учествувале и американски и германски војници, соопшти денеска Бундесверот на Твитер.
Во инцидентот нема повредени германски војници, се наведува во соопштението.