Лавицата што побегна од својот кафез во Зоолошката градина во Планкендал, во близина на Брисел, е убиена, соопшти ЗОО.

Лавицата се шетала низ зоолошката градина цело утро, но не успеале да ја успијат.

– По два неуспешни обиди за анестезија, моравме да ја убиеме лавицата. Никој не беше ставен во опасност, прецизираше Зоолошката градина на Твитер.

Лавицата побегнала утрово, непосредно по отворањето на Зоолошката, така што се уште немало многи посетители. Тие веднаш биле однесени на безбедно место додека се трагало по животното.