Видео игра со многу крвопролевање која ги охрабрува играчите да земат учество во пукање во училиште предизвика згрозеност на Интернет. За волја на вистината не кај сите, има и такви кои сериозно се „запалија“ за играта која се игра он лајн и кои се против да биде симната од Интнернетот.

Новата игра „Актив шутер“ на играчите им дава можност да изберат дали ќе бидат полицајци во специјален одред за борба со криминалци, или напаѓач во школо. Тие што ќе одберат да бидат напаѓачот, имаат можност да следат колкумина убиле – ученици и полицајци кои дошле да се справат со ситуацијата. Играта е лансирана во време кога во Америка се бројат нападите во училиштата, кои се на неделна база.

Фондацијата Инфер која има кампања против вооруженото насилство, играта ја опишува како „застрашувачка“ и со „лош вкус“ и притоа ги посочува последните масовни убиства низ училиштата во САД.

Креаторот на играта ветил дека ќе доаде опција за „граѓанско преживување“, со можност играчите да преживеат што е можно подолго во школо во кое се наоѓа напаѓач.

Играта треба од среда да биде во светска продажба, а во меѓувреме Инфер побара од компанијата Валв, која стои зад играта, неа да не ја дистрибуира.

-Ова е навистина со лош вкус. Имаше 22 пукања во училишта во САД само од почетокот на оваа година-изјавил портпарол на Фондацијата Инфер.

-Ова е страшно. Како може некому да му текне со ваква идеа да се појави на пазар, со нешто вакво насилно и со целосна безчуствителоност за сите убиени деца-додаваат од Фондацијата.

Оваа видео игра се лансира за помалку од еден месец од масакрот што 17-годишниот Димитрос Пагурцис го изврши врз осум ученици и двајца наставници во средното училиште во Санта Фе, Тексас.

Меѓутоа корисници на виедо играта се огласија и бараат играта да не се трга и да остане непромената. „Повеќето од нас не се глупави за да не можат да направат разлика меѓу фатазија и реалност“, „Немојте да цензурирате заради глупости“, се реакциите на запалените љубители на „Актив шутер“.

Се чека потегот на компанијата која ја разви играта, која во суштина е создадена од лик со кодно име „Ацид“ (Киселина).