Пишува: Дарко Јаневски
Како што е познато МВР и Обвинителството убиството на Саздовски го водат како нарушување на јавниот ред и мир, поконкретно како дело на „насилство“ со кое е нарушен јавниот ред и мир. Нивното тврдење го поткрепуваат со наводниот факт дека во расправата меѓу напаѓачите и Саздовски, тој паднал на тротоарот и поради тоа паднал во кома по што починал. Тоа значи дека напаѓачите не сакале тоа да се случи, и дека тие се виновни за насилство, а дека смртта на детето е последица на несреќа.
За да ја протнат оваа теза во јавноста, ангажирани се сите медиуми на СДСМ и сите бандити од шарените по с оцијлните мрежи.
Меѓутоа, две пресуди до кои дојдовме (сигурно ги има многу повеќе) ја уриваат оваа теза на МВР и Обвинителството со кое на убиството на Саздовски се сака да му се даде најблага форма.
Имено, во еден случај од пред 20 и повеќе години, Врховниот суд на РМ утврдил:
„Со тоа што обвинетиот му се приближил на малолетното дете од назад, го фатил за рака и го фрлил на камењата, покрај патот, кога на детото му се скршила раката, сторил умислено кривично дело тешка телесна повреда од член 43 став 1 од КЗ на РМ (ВСМ, ЗСО-V/97, стр. 37)“.
Втората пресуда која е многу постара вели:
„Потресот на мозокот се смета за тешка телесна повреда, иако подоцна не настанале последици по животот“ (ВСМ, Кж. Бр. 263/63, ЗСО-I/76, стр. 41)
Значи, од првата цитирана пресуда јасно произлегува дека било каква каузална врска меѓу дејството на обинетиот и повредата (иако тој можеби не сакал да му се скрши раката на детето кога го фрлил) го квалификува него како сторител на тешка телесна повреда. Во случајот со Саздовски тоа значи дека самиот напад врз напад врз него, како последица на што тој паднал во кома (сеедно дали бил директо удрен или како што власта се обидува да ја преплави јавноста – паднал па се удрил) е доволен за во најмала рака , квалификацијата тешка телесна повреда со смртна последица.
Втората пресуда јасно упатува на тоа дека повреда на мозокот (во тој случај станувало збор за потрес, кај Саздовски за многу потежок облик на повреда) не е „насилство“, туку тешка телесна повреда.
Останува проблемот со умислата. Што сакале напаѓачите? Да го заплашат Саздовски („па затоа е дело на „насилство“) или да го повредат (во тој случај зборуваме за „телесна повреда“ или за „убиство“).
Оваа дилема ја разрешува самиот факт што тие се возеле со автомобил, додека нападнатиот чекал на автобуска постојка, застанеле, излегле од автмобилот и го нападнале, иако можеле едноставно да поминат. Тоа јасно ја дефинира нивната намера да го повредат. При тоа, немале намера да предизвикаат чувство на несигурносот кај граѓаните (елемент од кривичното дело „насилство“) што упатува на тоа дека се одело кон сигурно отфрлање на пријавата да не била комата на детето, бидејќи не нападнале случаен минувач туку точно одредно лице, кое го познавале.
Инаку, кај нас пресудите на едне суд од еден случај не се задолжителни и за друг суд и за друг случај, но пресудите на Врховниот суд во одредена смисла имаат општо десјтво зашто тој има задача и да обезбедува единство во примена на правото, па неговите мислења се сметаат за задолжителни.