Се очекува уделот на обновлива енергија што глобално се троши да се зголеми за една петтина во следните пет години и да достигне 12,4 отсто во 2023 година. Тоа го соопшти Меѓународната агенција за енергија во годишен извештај.

Обновливите извори на енергија ќеимаат најголем раст во секторот електрична енергија, обезбедувајќи речиси 30 отсто енергетски потреби во 2023 година во споредба со 24 отсто во 2017 година.

Предвидено е во текот на тој период на обновливи извори да се оденсува 70 отсто од ратот на глобалното производство на енергија.