Претставниците на УЕФА силно ги отфрлија информациите дека европската централа ја поканила Аргентина да се приклучи на Лигата на нациите.

– Објавата дека Аргентина е поканета да учествува на турнирите под покровителство на УЕФА и која беше предложена да стане членка на организацијата не одговара на реалноста. Никогаш не сме разговарале за ова прашање. Во знак на пријателство, УЕФА ќе го покани националниот тим на Аргентина да ги следи натпреварите под наше покровителство како специјален гостин, соопштија од УЕФА.

Така, гласините беа побиени дека аргентинската федерација добила предлог од УЕФА да игра во Лигата на нациите откако капитенот на тимот, Лионел Меси го обвини КОНМЕБОЛ за корупција.