Европската фудбалска централна (УЕФА) ги објави конкретните датуми за спроведување на полуфиналните средби во Лигата на шампионите.

Првиот дуел од претпоследната фаза е на 30 април и во него Тотенхем ќе го пречека Ајакс на новиот стадион. Ливерпул гостува на „Камп Ноу“ на 1 мај, по што ја пречекува Барселона на „Енфилд“ на 7 мај. Ден подоцна е и реваншот меѓу Ајакс и Тотенхем.

Тоа значи дека натпреварите на Ливерпул и Тотенхем од 37-то коло на Премиер лигата ќе треба да бидат презакажани, бидејќи по програма Ливерпул требаше да имаат посета на Њукасл на 5 мај, а „петлите“ да гостуваат на Борнемут на 6-ти .

Финалето е на 1 јуни на „Ванда Митрополитот“ во Мадрид.