Правилото за петте замени, кое беше воведено на крајот на минатата сезона поради ефектите врз играчите од страна на пандемијата, ќе се задржи на натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона.
Состанокот на Извршниот комитет на УЕФА ќе се одржи утре во Будимпешта, на кој ќе се гласа за пакетот правила што ќе важат во текот на сезоната.
Ла Лига, Серија „А“, Бундеслигата и Лига 1 веќе ја донесоа таа одлука и го зачуваа правилото со пет замени, само мнозинството екипи во Премиер лигата, со исклучок на најголемите клубови, гласаа против и се откажаа од мерката.