Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), според англиски весник „Сан“, ги известила националните Федерации дека ќе останат без претставници во Лигата на шампиони и во Лига Европа, доколку не завршат првенствата за сезоната 2019/20.

УЕФА по пандемијата со новиот  коронавирус инсистира да има завршница на националните лиги до 30 јули, рок што е подготвена да го продолжи доплнително за еден месец.

Во некои земји, како Англија, Шпанија и Италија веќе може да се слушнат предлози за поништување на сезоната, но таквата идеја е одбиена од УЕФА, која како аргумент го дава одложеното Европско првенство и верува дека има простор за завршување на националните шампионати.