Претпладне се задржа сончево време низ Македонија со малку локална облачност. Од пладне и повеќе од север со северниот ветер малку се зголеми облачноста. На крајот од денов зголемена облачност има на планините на исток и запад, а на северната граница има појава на ретки грмежи, но и понатаму е сончево со мала до умерена облачност.

Времето утре претежно сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде помеѓу 13 и 24, а максималната ќе е во интервал од 30 до 39 степени.

УВ индексот 9.