УХМР потврдува дека од среда ќе има голема промена на времето

/ 14.04.2024

Уште утре и во вторник летни температури до 30 степени. Од вторник кон среда во Македонија доаѓа нестабилно време проследено со обилни дождови и невреме со силен ветер и грмежи.

„Утре максималната температура ќе биде 26 до 32 степени. Веќе од вторник ќе бележи тенденција на опаѓање во среда во интервал од 15 до 23. Позначителен пад на температурата ќе има од четврток и деновите потоа од 11 до 18 степени и понтамошно опаѓање петок и сабота некаде од 9 до 16 степени максимална температура“, изјави Јулијана Фидановска Мишковска УХМР.

Од четврток и наредениот викенд граѓаните ќе треба да ги вратат потоплите алишта. Но утрински минусни температури ќе нема. Од УХМР велат дека од среда со падот на температурите ќе има снег и на планините.

„Ќе имаме големи температурна разлика. Во однос на утринската температура нема да бидат минусни температури во следните денови, а веќе во четвротк поради продор на постудена воздушна маса од север врнежите на повискоките планини ќе преминуваат во вренежи на снег. Меѓутоа засега не се очекува позначителна снежна покривка“, вели Јулијана Фидановска Мишковска УХМР.

Големите температурни разлики ќе биде неповолно пред се за хронично болните граѓани оние со срцеви проблеми и притисок но на удар ќе бидат и метеопатите.


Од истата категорија