Врнежи од дожд, а на планините од снег под влијание на влажен бран ќе има утре во Македонија, а од крајот на викендот ќе има пораст на температурите и ќе достигнат до 19 степени.
– Врнежите ќе бидат пообилни утре попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде сончево со температура од 9 до 16 стешени, утре минималните од -1 до шест, а дневните од 3 до 12 степени. В сабота и в недела максималните температри до 13 односно 15 степени по што на почетокот на следната недела ќе се искачќат до 19 степени.