Утре ќе се задржи сончево време со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни.

Како што информираат од УХМР, во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Фото МИА архива