Утрово најстудено беше во Берово, минус 11 степени, а максимален еден степен беше измерен во Гевгелија и Дојран.
Како што информира УХМР, до седум часот беше -9 во Скопје Петровец, -8 во Струмица, Битола, Крушево и Маврово, -7 во Крива Паланка, Прилеп, Штип и Демир Капија, -6 во Скопје Зајчев Рид, -5 во Тетово, -4 во Дебар, -3 во Охрид и нула степени во Претор.
Во текот на денот се очекува времето да биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец и максимална температура од 3 до 9 степени.
Во Скопје слично време со температура до 4 степени.
Според УХМР, изминатите 24 часа наврнале и три литри на метар квадратен воден талог во Виница, два во Прилеп и еден во Берово. Во другите места врнежите биле помали од еден литар на единица површина.