Упрвата за јавни приходи (УЈП) одеднаш ќе вработи 100 души, според распишаниот оглас, за месечна плата и до 39 илјади денари.

Огласот е распишан на веб страната на Агенцијата за администрација, а во истиот се наведува дека ќе се примаат 100 државни службеници во УЈП за 79 работни позиции.

Според наведеното ќе се вработуваат инспектори, даночни советници, соработници, асистенти и други.

Поподробно и детални услови за секоја работна позиција може да прочитате на линкот на Агенцијата за администрација кој може да го отворите ТУКА.