Украина наскоро ќе се соочи со голем недостиг на вода за пиење, изјави извршниот директор на Сојузот на потрошувачи на земјата Максим Несмијанов за ТВ каналот „Украина 24“.
– Ако во блиска иднина не сфатиме дека имаме проблем со водата, тогаш многу градови, како што е Очаков, ќе се соочат со рестрикции за снабдување со вода. Ако продолжиме да живееме вака, нема да имаме доволно вода за пиење во оваа земја, предупреди тој.
Како што истакна Несмијанов, пречистувачките капацитети во земјата се застарени. Во исто време, во отсуство на чекори за решавање на овој проблем, според него, „за 20 години ќе биде предоцна да се реши.
Претходно, директорот на Државниот еколошки инспекторат во Украина Андриј Малевани, исто така, предупреди за ризикот од целосно губење на питка вода во земјата. Тој повика итно да се решат еколошките проблеми во земјата, инаку за помалку од 30 години Украина ќе мора да увезува свежа вода за пиење.