Најновото истражување во Украина покажа дека популарниот комичар, 41-годишниот Владимир Зеленски, води во кампањата за претседателските избори.

Истражувањето, кое е спроведено од киевскиот Институт за социологија, покажа дека комичарот кој глумеше претседател во популарна телевизиска емисија, води пред останатите кандидати со 27 отсто од гласовите.

Актуелниот претседател Петро Порошенко има помалку од 18 отсто од гласовите, а поранешната премиерка Јулија Тимошенко има 16 отсто поддршка.

Во анкетата учествуваа 2.007 граѓани, кои рекле дека знаат за кого ќе гласаат на изборите закажани за 31 март.