Најмалку еден човек загина, а две трафостаници и еден магазин за нафта се запалени при масивните напади на украинските дронови врз повеќе руски области.
Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на Телеграм објави дека едно лице загинало, двајца се повредени, а оштетени се и неколку станбени згради.
Додека гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев изјави дека украинските дронови погодиле електрична трафостаница.
Серија експлозии се слушнале во градот Калач-он-Дон во регионот Волгоград. Регионалниот гувернер Андреј Бочаров на социјалните мрежи објави дека остатоци од украинските беспилотни летала соборени од руската противвоздушна одбрана запалиле трафостаница и складиште за нафта.
Украинските дронови нападнаа цели и во регионот Астрахан, Воронежската област и Курската област.