Повеќе од 10.000 наводни воени злосторства извршени од руските сили во Украина во моментов се под истрага, соопшти денеска Главното обвинителство на Украина.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека се регистрирани вкупно 10.257 воени злосторства, а се додава дека од почетокот на конфликтот на 24 февруари, според весникот „Гардијан“, загинале 223 деца.

Како што се наведува, повредени се 633 деца, објави британскиот весник.