Во денешното гранатирање на регионот Киев од страна на руските сили, тешко е оштетен објект на енергетска инфраструктура, соопшти Украинската национална енергетска компанија Укренерго.

Експертите на компанијата се веќе на терен за да ја вратат сигурноста во снабдувањето со електрична енергија на Киев и централниот регион.

Диспечерскиот центар „Укренерго“ предупреди на можни исклучувања и побара од потрошувачите внимателно да ја користат електричната енергија, особено во вечерните часови.