Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го именуваше Нафтали Бенет, лидерот на ултрадесничарската партија Ново Право, за министер за одбрана, изјави денеска портпарол на партијата Ликуд на Нетанјаху.

Бенет ќе го преземе местото министер за одбрана од Нетанјаху, кој речиси една година ги извршуваше функциите премиер и министер за одбрана.

– Именувањето ќе и биде доставено на Владата за одобрување на претстојниот состанок на кабинетот, нагласи портпаролот во соопштение.

Во претходниот состав на владата на Нетанјаху, Бенет го предводеше Министерството за образование.