Eвропската куќа на фудбалот го казни Фудбалскиот сојуз на Унгарија со 100.000 евра и три натпревари поради навредливите транспаренти кон ЛГБТ заедницата.

Унгарските навивачи во Минхен покрај истакното знаме против заедницата имаа и навредливи скандирања, па затоа УЕФА ги санкционираше.

По казната од УЕФА се огласија и навивачите.

-Можете да ни забраните да влеземе на стадионот, но не можете да ни ја одземете страста, гласи транспарентот.

За споредба, за исвиркувањето на химната на Данска, светењето со ласер во лицето на голманот Шмајхел и употреба на пиротехнички средства Англија доби казна од само 30.000 евра.