Унгарија нема да го екстрадира поранешниот премиер на РМ, Никола Груевски, ниту за настаните од 27 април, потврдуваат од Министерството за правда.

„Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегало“, истакнуваат од Министерството за правда.

Унгарија одби екстрадиција на Груевски по барањето за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, во којшто беше осуден за „противзаконско влијание за набавка на „мерцедесот“.