Цената за имплементација на ниту еден закон не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи, а законот за јазици тоа го носи, изјави пратеникот на ДУИ Артан Груби за драфт мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, објави Сител.

– Не е примено мислењето на Венецијанската, но какво и да е, ние ќе го почитуваме. Во оваа драфт верзија, Комисијата ги поздравува унапредените јазични права но и изразува загриженост само во делот на цената на чинење на неговата имплементација. Цената на мирот на еднаквоста и меѓуетничките односи е неспоредлива со симболичната цена на имплементација на еден закон со кој всушност се заокружува Охридскиот договор. Комисијата го поздравува и дава позитивно мислење за употреба на албанскиот јазик кај партиите и униформите, вели Груби.

Тој смета дека законот е сосема применлив во пракса.