Во вечерните натпревари на ЕП во фудбал, Германија и Унгарија одиграа 2:2 откако во возбудлив натпревар во Минхен, Унгарицте два пати водеа, но не издржаа до крајта.

Со ист резултат заврши и натпреварот Франција-Португалија, по што овие две екипи и Германија одат понатму, а Унгарија се прости од натпреварувањето по нерешените резултати со Франција и Германија и поразот од 3:0 против Португалија во Будимпешта.