Унгарската Влада денеска ќе донесе одлука со која нафтени деривати по повластени цени во земјата ќе можат да точат само возилата со унгарски регистарски таблици, соопшти Гергели Гуљаш, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унгарија на 15 ноември минатата година ги замрзна цените на бензинот и на обичното дизел гориво на износ од најмногу 480 форинти или 1,2 евра за литар, мерка што не се однесува за премиум – горивата.
Причина за донесувањето на таквата одлука е тоа што се поголем број возачи од странство полнат гориво на унгарските бензински пумпи поради ниските цени, пред се во пограничните подрачја на земјата.